Најдоцна за месец и половина ќе започнат градежните активности за модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, најави раководството на турски “ТАВ“, концесионерот на македонските аеродроми.
Во тек се подготвителните работи за реконструкција и на скопскиот аеродром, а вкупната инвестиција за модернизација на македонските воздушни пристаништа е проектирана на 200 милиони евра.
Ревитализацијата на аеродромите „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид ќе ја раководи компанијата „ТАВ констракшн“, а во тек се преговори со повеќе македонски градежни фирми за ангжман како подизведувачи.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град