Реванш натпревари во четвртфиналето од Лигата на шампионите

Со натпреварот во Москва меѓу ЦСКА и Интер вечерва од 18 часот и 30 минути започнува четвртфиналната фаза во фудбалската Лига на шампиони.

 |  Маја Савиќ  | 
Liga Shampioni
Лига на шампиони

Pandev i MurinjoСо натпреварот во Москва меѓу ЦСКА и Интер вечерва од 18 часот и 30 минути започнува четвртфиналната фаза во фудбалската Лига на шампиони.

Италијанскиот шампион заедно со македонскиот репрезентативец Горан Пандев на реваншот во Русија отпатуваа со гол предност.

Македонија по 19-годишна пауза има шанса преку македонскиот интернационалец повторно да има свој претставник во полуфиналето од најсилното клупско фудбалско натпреварување во Европа.

– Ние имавме многу шанси во натпреварот во Милано но за жал не ги искористивме и остваривме предност само од 1:0. Не сум сигурен со колку напаѓачи ќе играме денеска, но дефинитивно ќе одиме на победа. Во моментов реваншот е за нас најважниот натпревар и ние мислиме само на него и на ништо друго. Што се однесува до мојата игра можам да кажам дека среќен сум во Интер што по пауза од шест месеци, се вратив на терените и тоа во голем клуб со кој се надевам на многу успеси, изјави Пандев пред дуелот со ЦСКА Москва.

Во вториот денешен натпревар на „Камп Ноу“ со почеток во 20 часот и 45 минути играат европскиот првак Барселона и англискиот претставник Арсенал. На првиот дуел во Лондон резултатот беше 2:2.

Каталонците ќе бидат ослабени со неиграњето на Златан Ибрахимовиќ, стрелецот на двата гола на „Емирати“. Швеѓанецот се здобил со повреда на десната нога на загревањето пред натпреварот од Шпанското првенство против Атлетик Билбао кој Барсаелона го доби убедливо со 4:1. Во тимот на Гвардиола ќе ги нема и суспендираните Пујол и Пике, додека Арсен Венгер нема да може да смета на своите двајца најдобри играчи годинава, Фабрегас и Аршавин, како и на дефанзивецот Галас.

Другите два четвртфинални дуели се играат утре, а се среќаваат Манчестер Јунајтед – Баерн и Бордо – Лион.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top