Три генерации од охридското семејството Велиу се глуви. Ведрите членови на семејството секој ден во 20 часот се пред малиот екран – го следат специјалниот дневник на ТВМ прилагоден за глуви и наглуви лица. Тие не го кријат задоволството што сега им се достапни сите информации и случувања во градот.
Шкендие Ељмази Велиу вели сакаме да гледаме телевизија со превод, не интересира. За глувите има многу малку превод за да разберат што се случува. Добро е сега што можеме да разбереме што се случува. И моите деца ги следат вестите и ги разбираат информациите. Порано беше потешко не можев да разберам што се случува, сега е полесно со преводот. Сакам да ги следам и во иднина, вестите да не престанат, тие се мошне важни за нас глувите и за нашите деца. Глувите не би сакале да им се случи повторно да бидат изолирани од настаните дома и во светот.
Глувите и наглувите лица Дневникот на ТВМ специјално наменет за нив го следат заедно и во нивниот Клуб. Секој четврток тие имаат можност да ги коментираат настаните и случувањата вели Сузана Стевоска, претседателка на Здружението за глуви и наглуви лица. Стевоска исто така се надева дека специјализираниот дневник на ТВМ наменет за нив ќе продолжи и понатака. Таа ги поканува сите лица да дојдат во нивниот клуб за да се дружат и да не бидат осамени.
Има мајки и татковци кои ги кријат своите деца, па ги покануваме да ги донесат во Клубот и да се дружат со останатите глуви лица апелира Стевоска.
Клубот на глуви е реновиран пред три години со донација на Владо и Катерина Велјаноски. Претставува пријатен, современ простор каде што има и детско катче. Уреден е со компјутер, телевизор и двд плеер каде што глувите лица може да поминат пријатни часови во заедничка дружба.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град