Ракометарките формално гостуваат во Хрватска

Откако загубија дома со пет гола разлика, а се и без своите најдобри ракометарки, женската селекција на Македонија во Хрватска денеска ќе се бори за чесен пораз.

 |  Маја Савиќ  | 
rakomet
ракомет

salaОткако загубија дома со пет гола разлика, а се и без своите најдобри ракометарки, женската селекција на Македонија во Хрватска денеска ќе се бори за чесен пораз, затоа што по средата јасно беше дека двобојот со Холандија ќе го решава нашиот пласман на ЕП во Данска и Норвешка во декември

Македонија денеска гостува во Чаковец со истите проблеми како и на дуелот во Скопје. Ги нема повредените Јулија Портјанко и Мирјета Бајрамовска, која се повреди на последниот тренинг пред првиот меч, а од репрезентацијата се повлече и Наталија Тодоровска. Така, дуелот со Хрватска е од формален карактер, во кој македонските ракометарки ќе треба да ја докажат својата борбеност и желба и да се подготват дополнително за клучниот меч со Холандија.

Селекторот Јосиф Петковиќ најави дека беспотрребно нема да експериментира за дуелот што ништо не значи. Холандија ја победи Литванија во средата со 31-22 ис ега има ист број на бодови како и Македонија, но нашите ракометарки покрај овој дуел со Хрватска имаат уште два, со Литванија на гости и со Холандија дома.

На табелата, Хрватска по три кола има максимални шест бода, Македонија остана втора со три поради подобрата гол разлика од Холандија, а Литванија е без бод.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top