Втора година по ред и матурантите од охридските средни училишта ќе имаат можност да учествувваат во конкурсот организиран од страна на Високата школа за новинари и односи со јавноста, под наслов „Изрази се преку медиумите“.
Оваа година темата на конкурсот е „Имам право да бидам различен“ и има за цел да ги поттикне матурантите да го кажат нивното мислење против каков било вид дискриминација користејќи ги медиумите.
И оваа година охридските матуранти ќе имаат можност да учествуваат на конкурсот „Изрази се преку медиумите“. Конкурсот е во организација на Високата школа за новинарство и односи со јавноста, со подршка од Советот на Европа. Матурантите од сите средни училишта, до 18 април ќе можат да се пријават со идеја за изработка на телевизиски прилог, видео клип, постер или фотографија на оваа тема, информира Алескандра Теменугова од Високата школа за новинари и односи со јавноста.
Антидискриминацијата е темата на овогодинешниот конкурс и носи наслов ИМАМ ПРАВО ДА БИДАМ РАЗЛИЧЕН, а се однесува против сите видови дискриминација: етничка, религиозна, родова, дискриминација во однос на возраст, сексуална определба, дискриминација на лица со посебни потреби и слично. Наградените учесници ќе бидат стипендисти на медиумите и институциите кои го поддржуваат конкурсот. Комисија од предавачи на Високата школа, медиумски професионалци и претставници на поддржувачите на овој конкурс ќе го изврши изборот на најдобрите предлози. Избраните кандидати ќе ги финализираат своите идеи со професионален тим и опрема на Високата школа. Теменугова потенцира дека ова претставува неверојатна можност за матураните да го направат вистинскиот избор при изборот за нивната идна професија.
Од Високата школа за новинари и односи со јавноста информираат дека во споредба со минатата година оваа година интересот е значително поголем. Караткетристично е дека сите студенти кои минатата година станале стипендисти, се покажале како одлични студенти кои покажуваат врвни резултати во учењето. За наградените трудови Високата школа и подржувачите на проектот во мај ќе организираат изложба на која ќе и бидат врачени стипендиите. Прилозите и спотовите ќе се емитуваат АЛСАТ-М и на локалните ТВ станици, а фотографиите и постерите ќе се објават во дневните весници Вест, Дневник, Утрински весник и Нова Македонија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град