Подготвени за велигденските празници

Охрид за велигденските празници ќе биде беспрекорно чист. Ова е најавата на првиот човек на ЈП „Охридски Комуналец“ ,Сашо Алче. За комуналците ниту за празниците нема да има слободен ден.

 |  Билјана Николовска  | 
parkovi
паркови

parkoviОхрид за велигденските празници ќе биде беспрекорно чист. Ова е најавата на првиот човек на ЈП „Охридски Комуналец“ ,Сашо Алче. За комуналците ниту за празниците нема да има слободен ден.

Голема акција на ЈП „Охридски Комуналец“. Се чистат улиците во градот од абразивните средства кои во текот на зимата се фрлаа за заштита од снегот. Со оглед на тоа дека за велигденските празници се очекува голема посетеност на градот, мора секој дел низ охридските улици да биде беспрекорно чист, рече првиот човек на комуналното претпријатие, Сашо Алче.
Покрај чистењето на улиците ова е период и за уредување на парковите, изјави Алче. Тој додаде дека за прв пат после 30 години парковите се уредуваат со стил. Во ваквите акции вклучени се и правните субјекти кои се наоѓаат во близина на парковите, рече Алче.
Комуналците не застануваат само на една активност. Со поддршка на Локалната самоуправа ќе се уредуваат и кружните текови во градот, кажа Алче.
За да се сочува се што е направено јавното претпријатие има ангажирано и чуварска служба околу парковите, изјави Алче. Додава, дека само така може уредените површини да бидат убава слика за охриѓани и гостите кои ќе го посетат градот за време на престојните празници.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top