Со 2 000 садници на бел и црн бор облагородено таканареченото место Најковац во Скребатно. Оваа иницијатива ја подржаа и вработените на стовариштето и пилана „Мак – Вуд“. Сопственикот на земјиштето, Томе Ѓорев Парулески вели дека на ова место нема овошка што не успева. Тој заедно со 15 вработени, следејќи ги инструкциите на стручните служби, денес засадија црн и бел бор. Парулески кажува дека е горд што на тој начин зад себе остава свој белег за идните поколенија и генерации. Додава дека добро би било секој да тргне по неговите стапки.
„Со исполнување на својата граѓанска обврска и засадување дрво добиваме двојно позитивен ефект се штити земјиштето од ерозија и се пошумуваат голините“, вели Парулески.
Стрмниот терен воопшто не беше пречка, вработените во „Мак – Вуд“ да ја исполнат својата денешна задача. Шемо Идрис вели, „тука сме и доброволно и работно.
За Скребатно со право може да се каже дека е еколошки чиста средина идеална за развивање рурален туризам. Со обновувањето на шумите се отвараат и плус можности, како што е зголемувањето на ловниот фонд, велат мештаните. Со тоа ќе се привлечат љубителите на ловот на дивеч па ова место за брзо време може да се претвори во шумски резерват.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град