Задоволство е да се соработува со Охридскиот црвен крст“, вели пртседателот на црвениот крст од Крагуевац за своите колеги од Охрид. Црвениот крст од Србија и годинава домаќин на Европското првенство во Прва помош. Екипа од Српскиот црвен крст неколку години е дел од спасувачките тимови во формула еден во Монте Карло.
Српскиот Црвен крст годинава по четврти пат домаќин на Европското првенство во Прва помош. На натпреварите кои ќе се одржат од 11 до 14 јули ќе се натпреваруваат тимови од 26 Европски земји и еден тим од Хонг Конг.
„„Србија е четирикратен победник на Европа во прва помош, а јас сум еден од тројцата тренери кои репрезентацијата на Србија ја донесоа на европскиот трон, така да во принцип годинава ние сме домаќини. Нашите репрезентативци кои пружија ефикасна помош на полигоните, годинава беа присутни како волонтери спасители на автотрките во формула 1 во Монте Карло“, вели примариус, д-р Стеван Китаниќ – потпретседател на Црвен крст Србија.
Китаниќ уште додава дека волонтертите кои се дел од спасувачките тимови во Монте Карло досега покажале извонредна заинтересираност, по што се повеќе од сигурни дека и годинава ќе бидат повикани да помагаат. Инаку досега Српскиот тим на Ф1 патеките имале околу 15 интервенции.
Што се однесува за организационата поставеност во хуманитарната организација потпретседателот на Српскиот црвен крст вели дека за разлика од Македонија, во Србија поставеноста е малку поинаква.
„„Кај нас е малку поинаква организацијата. Ние дечињата од детските градинки ги викаме петлиња и ги обучуваме за најосновните активности кои ги спроведува црвениот крст. Тежнееме што повеќе луѓе да обучиме за прва помош“, вели Китаниќ.
Китаниќ напомена дека црвениот крст во Србија има голем проблем со селското население. Тој вели дека жителите таму се во поодмината воздраст и, и покрај тоа што се работно способни никој не ги вработува. Тој уште додава дека во тие средини има и многу неоженети, што придонесува земјоделските семејства полека да угаснуваат. „Овие проблеми придонесуваат бројот на социјално загрозени семејства од ден на ден да се зголемува“, вели примариус, д-р Стеван Китаниќ.
Инаку Китаниќ покрај тоа што е дел од тесното раководтво на државниот црвен крст, тој е и претседател на Црвениот крст од Крагуевац кој воедно е збратимен со Охридскиот. „Што се однесува од соработката со младите, црвениот крст од Охрид е далеку над Црвениот крст од Крагуевац. За разлика од пред 5 години кога бев тука и кога присуствував на одбележувењето на 60 годишнината од постоењето на ОО, повеќе од очигледно е дека годинава оваа хуманитарна организација отишла многу напред спрема активностите и проектите кои континуирано ги работи, вели гостинот од Србија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град