Жителите на Влашка маала бараат отстранување на објектите кај чинарот

Влашкамаалци бараат да им се врати просторот кај Чинарот, некогашното култно место на маалското живеење. Во 80-те години, квази урбанисти и архитекти,  го уништија овој простор и го претворија во градско ругло и собиралиште на наркозависници.

 |  Маја Савиќ  | 
kuka
кука

vlashka malaВлашкамаалци бараат да им се врати просторот кај Чинарот, некогашното култно место на маалското живеење. Во 80-те години, квази урбанисти и архитекти,  го уништија овој простор и го претворија во градско ругло и собиралиште на наркозависници. Жителите  сакаат времените објекти тафтингот, банката и лебарата кај Чинарот изградени со узурпација на просторот да бидат отстранатети.
Сакаат оплеменување на сега деградираниот простор.
Иако оваа наша  иницијатива можеби на некого ќе му наликува на утопија, но  ова го сметаме за наше граѓанско легитимно право во интерес на нашите деца, нагласува Илија Миштакоски ,член на иницијативниот одбор. Влашкамалци иницијативата ја  доставиле до градоначалникот Александар Петрески, а оствариле и средба со него. За скоро се надеваат  на одговор од локалната самоупрва што реално може да очекуваат од нивното барање. Жителите од Горна Влашка маала нагласуваат дека нивната иницијатива е чисто граѓанска, без никаква доза на политика.
Проблем за околните жители претставува и руинираната куќа која е собиралиште на наркозависници, а се забележуваат расфрлани игли и шприцеви. Често со цигара во рака може да се видат и ученици од основното училиште кое се наоѓа во непосредна близина.

 
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top