Кривични пријави за директорите на Здравствен дом

Според СВР, пријавените  во периодот од Октомври 2006 до Октомври 2009 година, не презеле никакви мерки за наплата на лекови во износ од над петстотини денари со што предизвикале штета на Здравствен дом односно Буџетот на РМ.

 |  Татјана Маленкова  | 
policija
полиција

malaricnaСпоред СВР, пријавените  во периодот од Октомври 2006 до Октомври 2009 година, не презеле никакви мерки за наплата на лекови во износ од над петстотини денари со што предизвикале штета на Здравствен дом односно Буџетот на РМ.

Поради основано сомнение дека се сторители на  кривичното дело  Несовесно работење  во службата, СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицата М.Д. роден 1969 година и А.Г. роден 1967 година, двајцата од Охрид.
Пријавените,  во својство на Директори на Јавната установа ,,Здравствен дом ,, Охрид со свесно пропуштање на должен надзор и очигледно несовесно постапување во вршење на своите должности и овластувања, во периодот од Октомври 2006 до Октомври 2009 година, не презеле никакви мерки за наплата на лекови во износ од 546.914,оо денари со што предизвикале штета на Здравствен дом односно Буџетот на РМ.
Со комисиски пописни листи и две фактури,  лекови со исправен рок на употреба, во споменатиот износ биле продадени од здравствен дом на концесионер  приватна здравствена установа односно Аптека-закупец од селото Белчишта. Закупецот самоволно ја откажал концесијата односно закупот за лековите кои воопшто не биле платени, а дел од нив биле и со изминат рок на траење, по што лековите биле во Здравствен дом Охрид. Притоа, пријавените не презеле никакви мерки кон концесионерот, не побарале и не спровеле наплата а лековите едноставно ги примиле назад. Покрај тоа, пријавените Директори на Здравствен дом, од Бирото за лакови на РМ, побарале поништување на лековите односно нивно термичко спалување.
Со тоа, пријавените со своето несовесно постапување предизвикале штета на Здравствен дом Охрид односно на Буџетот на РМ во износ од 546.914,оо денари бидејки лековите биле набавени преку Фондот за здравствено осигурување на РМ.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top