Водата во Охридското езеро чиста кaко „солза“

Нема еколошка катастрофа тврди Атанско Михаилов и ја негира неодамнешната изјава на охридскиот градоначалник. Не е точна изјавата на градоначалникот Петрески дека на езерото му се случи еколошка катастрофа, дека е загадено и преполно со фекали од колекторскиот систем, тврди претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Атанаско Михаилов.

 |  Валентина Неловска  | 

kolektorНема еколошка катастрофа тврди Атанско Михаилов и ја негира неодамнешната изјава на охридскиот градоначалник. Не е точна изјавата на градоначалникот Петрески дека на езерото му се случи еколошка катастрофа, дека е загадено и преполно со фекали од колекторскиот систем, тврди претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Атанаско Михаилов. Истакнува дека езерската вода е со извонреден квалитет. Испитувањата покажале дека на сите мерни места водата е од прва категорија, а само на две е од 2 категорија.
Со  изјавата за еколошката катастрофа се шокира охридската јавност, македонската се загрижи, а светската се заинтерсира, истакна Михаилов. Езерската вода, пак, никогаш не била почиста тврди тој. Се обиде да го разоткрие мотивот на ваквата изјава. Петрески се обидува да изнуди пари од Владата за реализирање негови проекти, истакна претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ.
Михаилов го потсети градоначалникот Петрески дека охриѓани живеат  од туризам и ги повика туристите да го посетат Охрид во што поголем број.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top