Билатералниот секретаријат со тим на стручни лица деновиве во Поградец одржа редовна прекугранична средба. Актуелната хидролошка состојба на албанскиот дел на езерскиот басен и управувањето со водите била главна тема. Според направениот увид, на албанската страна високиот водостој на Охридското Езеро предизвикал последици само на две места, Лин и во полето Старова.
Дејан Паноски од Билатералниот секретаријат, ги кажа причините на настанатиот проблем. „На албанската страна причини за проблемите со високиот водостој на Охридското Езеро, дефинитивно биле, претераната урбанизација во албанскиот град Лин и подземните води во полето Страова. Луѓето на албанската страна од езерскиот басен се многу попозитивни во споредба со нас. Кај нас повеќе од очигледно е присуството на негативна енергија околу целокупната проблематика со високиот водостој на Охридското Езеро“, констатира Паноски.
Од страна на македонските стручњаци биле земени примероци за да се испита квалитетот на водата која што излегува после третманот од новата прочистителна станица во Поградец, вели Паноски. Додава дека следуваат анализи на водата, но нивните очекувања се дека сеуште не е постигнат саканиот ефект со третманот на водите.
„Нема бегање од справување со состојбата за управувањето на целокупниот басен на реката Црн Дрим, чија што состојба се рефлектира и врз Охридското Езеро и врз целокупните водни ресурси во басенот“, потенцира Паноски.
После Велигденските празници се очекува средба на билатералниот комитет во присуство на министрите и градоначалниците на општините. Едно од прашањата кое треба да се реши е и проблемот со управувањето на рибниот фонд, потенцира Паноски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град