Квалитетот на водата во езерото добар, но до кога?

Квалитетот на водата во Охридското езеро добар. Последните земени мостри од езерото од страна на Центарот за јавно здравје, покажуваат дека таа е од прва и втора категорија. Со намалувањето на водостојот на езерото се очекува да се намали и квалитетот на водата во него.

 |  Крсте Голабовски  | 
ezero
езеро

ezeroКвалитетот на водата во Охридското езеро добар. Последните земени мостри од езерото од страна на Центарот за јавно здравје, покажуваат дека таа е од прва и втора категорија. Со намалувањето на водостојот на езерото се очекува да се намали и квалитетот на водата во него.

Квалитетот на водата во Охридското езеро на задоволително ниво. Направена е физичко-хемиска и микробилошка анализа на осум земени мостри. Примероците за анализа се земени од локации специфични поради близината на колекторскиот систем. Три од примероците се земени од влезот на колекторскиот систем кај прочистителната станица, Враништа и кај одливот од станицата во реката Дрим. Еден од примероците е земен во близина на пумпната станица кај сливот на реката Сатеска во езерото. Резултатите се охрабрувачки, истакнуваат од Центарот за јавно здравје.

„Резултатите на водата кои се анализираа во центарот за јавно здравје покажаа дека најголем дел од земените мостри се од прва и втора класа,“ истакна Сашо Точко, бромолог од ЦЈЗ од Охрид.

Што се однесува до мострите земени кај сливот на реката Сатеска во езерото, тие покажуваат пониска класа од хемиски аспект, но нема индикатори кои покажуваат поголемо загадување, потенцира Точко. Примероците од фекалните води кои влегуваат во прочистителната станица кај Враништа се од 4,5 категорија, додека водата која излегува од станицата, микробиолошки е од 2 категорија, додека од хемиски аспект е од 4,5 поради присуството на амонијак од средствата за прочистување.

Изминатаве неколку недели, поради зголеменото количество на вода во езерото дојде до подобрување на квалитетот на водата во езерото, бидејќи со тоа се зголемува и неговата моќ на самопрочистување, вели Точко.

„Но со намалувањето на нивото на водата концентрацијата на органски материи ќе биде поголема поради количината на вода и помалото количество на кислород кое се дотокот на водата едонесено,“ потенцира Точко.

Во периодов кој е пред нас поради намалувањето на нивото на езерото, од Центарот за јавно здравје очекуваат да дојде и до понатамошна деградација на водата. Но потенцираат, дека вода од втора категорија е вода која е добра за капење, спорт и рекреација. Инаку сите пунктови од кои се земени мострите за испитување се наоѓаат во близина на шахтите и пумпите на Колекторскиот ситем, се со цел да се увиди какви импликации има Колекторскиот систем врз квалитетот на водата од езерото.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top