Состојбата со патиштата е очајно лоша

Лошата состојба на улиците и крпениот асвалт на локалните и регионалните патишта, им создава дополнителни проблеми на возачите. Тампон материјалот законски е недопустлив за полнење на ударните дупки. 

 |  Билјана Николовска  | 

Лошата состојба на улиците и крпениот асвалт на локалните и регионалните патишта, им создава дополнителни проблеми на возачите. Тампон материјалот законски е недопустлив за полнење на ударните дупки.  

Крпениот живот на улиците во општина Охрид, неуспешен. Иако надлежните се обидоа да ги санираат, ударни дупки наѕираат на секоја улица. Ги има и на локалните и на регионалните патишта.

dupki

„Македонија Пат“ подружница Охрид која е задолжена за одржување на регионалните и магистралните патишта се правда дека ниските температури и неповолните временски услови се виновни за состојбата во која се наоѓаат дел од патиштата. И градоначалникот Петрески признава дека и општината која е задолжена за одржување на локалните патишта затаила во одржувањето на истите. И тој како причина ги наведува лошите временски услови. Петрески смета дека општата состојба со патната инфраструктура, воопшто во државава е за никаде. Вели за брзо време мора да се дејствува и на локално и на државно ниво со цел да се подобри сликата на улиците. Додава дека веќе се создаваат услови за почеток на градежната сезона, а со тоа да се запалат и асвалтните бази.
„Мораме во најбрз можен рок да ги асвалтираме ударните дупки кои се под наша надлежност, а истото треба да го направи и „Македонија Пат“.
Покрај граѓаните од ваквата лоша состојба на улиците е засегнато и ЈП „Охридски Комуналец“. Ова претпријатие кое е задолжено за одржување на јавната хигиена и кое секојдневно ги чисти улиците се жалат на привременото решение-крпење на ударните дупки со тампон материјал кој поради големата фреквенција на возила се разнесува по коловозот. Според одговорниот за јавна хигиена,  Стефан Маслов ,ваквата постапка е неоправдана и се коси со законот.
Маслов рече дека „ЈП засилено работи на чистење на сите улици во градов, пред Велигденските празници“. Според него песокот кој се употребува за полнење на дупките е дополнителен проблем, заради што писмено се обратиле до комуналниот инспекторат.
Одговорниот на комуналниот инспекторат, Танас Танасоски вели дека состојбата со патиштата веќе е увидена и направен е записник на кој мора во рок од 30 дена да се постапи согласно него. Да видиме дали и овој благ укор на инспекторатот до одговорните ќе даде резултат и ќе ги смири страстите на учесниците во сообраќајот кои секојдневно се жалат дека нивните возила се жртви на ударните дупки.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top