Избрани претставниците од Охрид во СКМ

Избрани делегатите, претставници на стоматолошкиот еснаф од градов во Стоматолошката комора на Македонија.

 |  Крсте Голабовски  | 
zabce
забче

stomatologИзбрани делегатите, претставници на стоматолошкиот еснаф од градов во Стоматолошката комора на Македонија.

Двајца од нив ќе бидат делегати во Собранието на комората, додека останатите тројца, се избрани за членови на Опшинскиот одбор на Стоматолошката комора. Минатата недела беа избрани делегатите кои ќе го претставуваат Охрид во оваа независна, непартиска и непрофитна организација на докторите на стоматологија кои вршат професионална дејност. Тоа се Д-р Беби Лаососки и Д-р Бонета Павлеска кои се избрани за делегати во собранието на комората. Отаму се делегирани по еден претставник во Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување и во Комисијата за здравство на Собранието на Република Македонија.

Стоматолошката комора на Македонија се стреми кон подобрување на квалитетот на стоматолошката здравствена заштита, го следи односот на здравствените работници кон општеството и граѓаните и ги штити интересите на стоматолошката професија во земјата. Охридските делегати ќе имаат можност да ги презентираат најгорливите проблеми со кои се соочуваат пред собранието на комората. И тие не се согласуваат со политиката на фондот за здравство и се против најавеното намалување на капитацијата од 35 на 20 денари. Тоа според нив најмногу ќе удрело по џебот на пациентите а нивната работа ќе била нерентабилна.

Во врска со овој проблем од Стоматолошката комора пред фондот ќе излезат со барање за плаќање по услуга, а не по капитација .

„Со сегашната капитација од 35 денари ниту еден од стоматолозите не е задоволен, бидејќи партиципацијата пациентите што ја плаќаат им доаѓа многу, а камоли да се намали капитациониот бод, во тој случај би изгубиле и тие и пациентите“, истакнуваат од Стоматолошката комора.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top