Армијата си ги собра вреќите

Вреќите со песок подигнати од градското пристаниште. Состојбата во Охрид и Струга повеке не е критична уверува министерот Коњановски при неговата денешна посета на регионот.

 |  Татјана Маленкова  | 
vreki
вреќи

vrekiВреќите со песок подигнати од градското пристаниште. Состојбата во Охрид и Струга повеке не е критична уверува министерот Коњановски при неговата денешна посета на регионот. „Координативното тело за справување со кризи, постојано и ефективно работи на оние места каде што постои најголем ризик. Јас сум задоволен од тоа како функционираа институциите на државата кои беа вклучени во акцијата“, истакна министерот Зоран Коњаноски.
„Ние како Влада не бевме моќни да се справиме со временските непогоди, но затоа сметавме дека треба да бидеме одговорни, да ги координираме сите институции и да им помогнеме на луѓето кога таа помош им беше најпотребна. И во Струмичко, и во Дебарско и Струшко и на многу други места како Тетовско, Гостиварско превземавме активности за да можеме да изнајдеме решенија, да помагаме и на локалните самоуправи и на граѓаните“.
Министерот посочи дека само во Охридско-Струшкиот регион биле поставени повеќе од 25 илјади вреќи со песок. Притоа тој посочи дека во превентивните мерки кои ги превзело координативното тело за справување со кризи  Беа исчистени коритата на реките во Охрид и Струга. „Сатеска пак ја пренасочивме во старото корито со што овозможивме да се намали протокот на вода, а со самото тоа ја зголемивме пропусната моќ на коритата“, истакна министерот.
„Сметаме дека не постои ризик од понатамошно влошување на состојбата, ние одлучивме насипите да ги отстраниме, со помош на припадниците на АРМ“, дополнува Министерот.
При справување со поплавите воопшто не ни беше важно колку ќе чини целата акција, затоа што приоритет ни беа граѓаните и капиталните објекти кои мораа да бидат заштитени. Вреќите засега ќе бидат во касарната во Скопје. Останува да се направат детални проценки и околу обештетувањето на населението. Коњановски ја повика локалната смоуправа што побрзо да заврши со проценката на штетите, за да може владата да одвои пари за обесштетивање на граганите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top