Хрватот Иван Љубичиќ и Србинката Јелена Јанковиќ се победници на машкиот и женскиот турнир во Индијан Велс, кој заврши синоќа.
Хрватот Иван Љубичиќ и Србинката Јелена Јанковиќ се победници на машкиот и женскиот турнир во Индијан Велс, кој заврши синоќа
На АТП-турот, ветеранот Љубичиќ, кој во петокот наполни 31 година го победи домашниот тенисер Енди Родик на двапати во тај-брејк, 7-6, 7-6 за два часа игра. Со 21 ас Хрватот за само една недела успеа да победи тројца играчи од топ 10 на ранг листата, откако претходно триумфираше и над Новак Ѓоковиќ и над Рафаел Надал.
Јанковиќ, пак, пред машкото финале, со 6-2, 6-4 ја победи втората носителка Каролине Вознијацки. Јанковиќ само ја продолжи серијата без пораз од Вознијацки, и за Србинката ова е четврта победа во четвртата пресметка и прв трофеј сезонава.
– Ова беа прекраснио две недели. Излегов со план да бидам и агресивна, но и трпелива и тоа се исплатеше – рече Јанковиќ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град