Денеска официјално се сретнаа главните претставници на Лајонс клубот „Охрид“ и „Свети Влахо“. Се договорија да се продлабочи нивната соработка и за во иднина најавија нивно збратимување.
Дружeње, разгледување на културата и историјата на Охрид беше дел од официјалната посета на претставниците на Лајонс клубот „Свети Влахо“ од Дубровник. Домаќинот на лајонистите од Охрид, Вицегувернерот Сашо Василески, рече дека со хрватските претставници од овој клуб имаат многу заедничко поради самиот факт што Охрид и Дубровник имаат многу сличности.
Гостопримството на охриѓани е посебно, вели Матко Ветма, регионален гувернер на лајониостите од Дубровник. Тој додаде дека на повидок е потпишување на повелба за збратимување која би се реализирала на Конвенцијата што ќе се одржи на 22 мај годинава во Дубровник. Ветма потенцираше дека оствариле средба со охридскиот градоначалник која била во знакот на големо добредојде на Дубровник во Охрид.
Годинешниот претседател на Лајонс клубот „Свети Влахо“, Тончи Вицелиќ, рече дека за прв пат е во Охрид и воодушевен е од се што видел и слушнал за нашиот град. Вицелиќ кажа збор- два за лајонистите на неговиот клуб.
Во рамките на својата посета на Охрид, лајонистите на Дубровник ја посетија и нашата телевизиска куќа. Тие, покрај збратимувањето на клубовите веруваат дека ќе следи збратимување и на двата града, Охрид и Дубровник. Лајонистите на Дубровник во рамките на своите активности, 20 години делуваат како витези на слепите и помагаат на повеќе лица преку организирање на хуманитарни акции.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град