Живот на свеќа

Петтчлено семејство на раб на егзистенција. Тие живеат без струја, храна и огрев, во многу тешки услови. Досега никој од надлежните не ги посетил.

 |  Билјана Николовска  | 
Aco Mitrev
Ацо Митрев

MitreviТежок живот. Храна, вода со брашно. Ова е дел од тешкото секојдневие на фамилијата Митреви, кои живеат на раб на егзистенција. Без најнеопходните услови за живот, секојдневно маки мачат заедно со нивните три деца. Избркани од нивното претходно живеалиште од селото Велгошти, сега се во Охрид,во непосредна близина на Стобекс. Куќата во која се сместени нема струја. Во единствената соба во која живеат, условите се бедни. Четиригодишната Мартина и петгодишниот Стефан сеуште не зборуваат, а десетгодишната Катерина оди во училиште и добро учи. Митрев Ацо, таткото на овие деца се лекува поради нервно психичко растројство. Тој вели дека тешко се справува со сиромаштијата. Тропнал на сите врати, но безуспешно, сите го бркале. Многу сака да се сретне со градоначалникот Петрески, верува дека ќе му помогне барем да добие струја, но досега немал пристап кај него.
Босилка Митрева вели дека може да работи. Таа заработува 4 500 денари во приватна фирма, но овие пари не се доволни за 5 членото семејство. И таа сака да има струја како секоја домаќинка да се избања, да зготви топол оброк за своето семејство.
Свештеникот Ромео Петрески знае за ова семејство. Вели помагаме колку што можеме од црквата. Сите христијански обреди каде спаѓаат и крштевките на нивните деца се на товар на Црквата, но тоа не доволно, додава тој.
Тука го затекнавме и сопственикот на куќата Добривое Михајловиќ. Тој вели „кога слушнав за нив не можев да останам рамнодушен“. Михајловиќ рече дека струјата поминува на 2 метри од куќата, може да се инсталира но требаат 30 илјади денари за приклучок, средства што во денешно време не може секој да си ги дозволи.
Животот на ова петчлено семејство е секојдневна борба за основна егзистенција. На оваа слика не може да остане рамнодушно ниту едно човечко срце. Хуманоста овој пат треба да се докаже на дело, бидејќи ќе оди на вистинско место.
{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top