За хистеријата, куклениот театар и силувањето на медиумскиот простор

За хистеријата, куклениот театар и силувањето на медиумскиот простор денес се зборуваше на брифингот на општинската организација на СДСМ од Охрид.

 |  Крсте Голабовски  | 
SDSM
СДСМ

sdsmЗа хистеријата, куклениот театар и силувањето на медиумскиот простор денес се зборуваше на брифингот на општинската организација на СДСМ од Охрид.

„Колку што има денови откако е избран новиот претседател на О.К на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, толку прес конференции се имаат одржано“, беше една од забелешките со кои претседателот на О.О на СДСМ-Охрид, Науме Јованоски, го започна денешниот брифинг.

Јованоски упати обвинувања до О.К ВМРО-ДПМНЕ од Охрид  дека тие ги нарачале и со народни пари ги платиле билбордите на кои беше охридскиот градоначалник, а за тоа го обвиниле Бранко Црвенковски. Јованоски се осврна и на неодамнешните протести пред зградата на општината и посочи кој стои позади нив.

Обвинувањата продолжија и на сметка на вицепремиерот Зоран Ставрески, како и на сметка на новиот претседател на О.К. од ВМРО-ДПМНЕ, Атанаско Михаилов.

На брифингот се обрати и директорот на МЈП, Проаква, Бранислав Трпчески, кој прозборе за тоа до каде се ингеренциите на МЈП Проаква, но исто така и за тоа кои се правата и обврските на Државата во обезбедување на средства за заштита на езерото и функционирањето на колкеторскиот систем, според членот 4 од Законот за еколошка заштита на трите езера во РМ.

Трпчески, исто така се осврна и кон улогата на концесионерите на плажите, односно Министерството за транспорт и врски кое е обврзано да одвои средства за тековно одржување на колекторскиот систем. Директорот на Проаква потенцира дека Проаква го одржува системот, но Владата на РМ има донесено заклучоци кои до ден денес ниту се реализирале ниту биле ставени на дневен ред.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top