Рускиот министер за спорт, Виталиј Мутко, кој до неодмна беше прв човек на фудбалскиот сојуз на Русија, изјави дека Владимир Путин, актуелниот премиер може да биде дел од делегацијата која ќе ја претстави кандидатурата за организација на светското првенство во 2018 година.
Рускиот министер за спорт, Виталиј Мутко, кој до неодмна беше прв човек на фудбалскиот сојуз на Русија, изјави дека Владимир Путин, актуелниот премиер може да биде дел од делегацијата која ќе ја претстави кандидатурата за организација на светското првенство во 2018 година
ФИФА на 2 декември ќе ги реши дилемите за СП во 2018 и 2022 година, со тоа што за осум години конкурираат само кандидатурите од Еврпа, а за СП 2022 тие од остатокот на светот.
– Путин е мотор на кандидатурата – рече Мутко.
Путин ги донесе Зимските Олимписки игри во Сочи, кои ќе се одржат во 2014 година и тоа пред три години како претседател на Русија одржа говор на завршната презентација.
– Путин прави се за да ни помогне, а истото го прави и претседателот Дмитри Медведев. СП е многу важно за развојот на земјата. Без оглед дали ќе ја добиеме организацијата, ние ќе продолжиме со вложувањата во инфраструктурата – додаде Мутко.
Двата лидери на Русија пред неколку месеци имаа средба со Сеп Блатер, претседателот на ФИФА, по што Швајцарецот изјави дека Русија е главен фаворит за организација, изјава која многу ги налути преостанатите кандидати. Деталите од кандидатурата на Русија, како и на останатите ќе биде позната по 14 мај.
Според најавите Англија, Шпанија и Португалија, како и Холандија и Белгија се европските кандидати. Остатокот на светот го сочинуваат Јапонија, САД, Индонезија, Катар и Јужна Кореја.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град