28 „City light“ мапи на девет градови, седум од нив за Охрид

Министерот за економија Фатмир Бесими денеска одржа средба со градоначалниците на Скопје,  Охрид, Струга, Битола,Тетово, Ресен, Штип, Гевгелија и Дојран, на која беа презентирани и врачени новите „сити лајт“ мапи.

 |  Маја Савиќ  | 
city light
сити лајт

turistiМинистерот за економија Фатмир Бесими денеска одржа средба со градоначалниците на Скопје,  Охрид, Струга, Битола,Тетово, Ресен, Штип, Гевгелија и Дојран, на која беа презентирани и врачени новите „сити лајт“ мапи.

„City light“ мапите се осветлени мапи во боја, кои ќе им бидат појдовна точка на туристите како да пристигнат до некоја одредница.
Изработката на мапите финансиски е поддржана од министерството за економија во насока на унапредување на туризмот и квалитетна промоција на природните и културни вредности.

Бесими изјави дека на овој начин министерството за економија ги потпомага локалните власти во промоција на развојот на туризмот.

Предвидено е мапите да бидат поставени на девет локации во Скопје, на седум во Охрид, на по две во Битола, Струга, Тетово, Штип и Гевгелија и по една во Преспа и Дојран.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top