Колекторскиот систем не е во функција

Ситуацијата со испуштањето на фекални води во езерото и реката Дрим повеќе од алармантна, истакна денес на прес конференција градоначалникот на Струга Рамиз Мерко.

 |  Крсте Голабовски  | 
press Merko
прес Мерко

press MerkoСитуацијата со испуштањето на фекални води во езерото и реката Дрим повеќе од алармантна, истакна денес на прес конференција градоначалникот на Струга Рамиз Мерко.

Мерко најави средба на градоначалниците на Охрид и Струга со Министерот за Транспорт и Врски на почетокот на идната недела. Иако сите релевантни институции на централно и локално ниво беа вклучени во справувањето со ситуацијата со временските непогоди и зголемениот водостој на Охридското езеро и реката Дрим, сепак струшкиот градоначалник не е задоволен од улогата на ЕЛЕМ во сето тоа. Трошоците кои моментално се на товар само на МЈП Проаква и локалните самоуправи на Охрид и Струга, а се за инфруструктурното одржување, за покривање на искористената електрична енергија за работа на пумпите, како и трошоците за човечки ресурси, треба да бидат поделени и со ЕЛЕМ, смета Мерко.

Струшкиот градоначалник информира дека преземено е се што е во нивна моќ како локална самоуправа.

„Во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи ги посетивме сите места на кои може да дојде до ескалација и  моментално сите релевантни институции се вклучени во надминувањето на ваквата состојба“, потенцира Мерко.

За таа цел е формиран уште еден штаб за координација на релевантните чинители за справување со моменталната состојба во општина Струга. Сепак, новонастанатата ситуација со колекторскиот систем е алармантна.

На почетокот на следната недела е најавена средба помеѓу градоначалниците на Охрид и Струга и директорите на МЈП Проаква и Р.Е Колектор од една страна и претставници на Министерството за транспорт и врски од друга. Градоначалникот на Струга информира дека на средбата ќе стане збор само за новонастаната ситуација со функционирањето на колекторскиот систем. Тој ја потенцира потребата од инвестирање во нови пумпи, кои пречистената вода ќе ја исфрлаат дирекно во реката Дрим, како едно од можните решенија на овој проблем.

Истотака струшкиот градоначалник информира дека не се знае колкава ќе биде штетата изразена во денари или евра. Затоа пак директорот на Р.Е. Колектор-Струга, Ваит Ајро истакна дека ситуацијата со загадувањето на езерото со фекални води  е навистина алармантна.

„Ни се заканува еколошка катастрофа од невидени размери“, потенцира Ајро.

Директорот на Р.Е Колектор информира дека количеството на фекални води кои се вливаат  во Охрид изнесува 300-400 литри во секунда, кај Подмоље 250 литри во секунда и кај Струга 450-500 литри во секунда. Количеството пак на фекални води кои се влеваат во реката Дрим пак изнесува 700 литри во секунда.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top