Проблемите во Охрид имаат едно име: Александар Петрески

Од 5-годишните патувaња по светот нема ни „и“ од инвестиција освен еден австралиски бумеранг. Ова се дел од обвинувањата на новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Атанаско Михаилов.

 |  Билјана Николовска  | 

„Австралискиот бумеранг единствен експонат од 5 годишното трагање по инвестиции за Охрид. Ништо арно не виде Охрид од градоначалникот Петрески. Неговите прес конференции се продолжување на старата добра пракса на деградација на политичката комуникација, зачинета со навреди, бескрупулозни изјави“. Вака денес обвини претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ Атанаско Михаилов. Михаилов истакна дека градоначалникот крајно недолично не престанува да излегува во јавноста со лажни тези и ноторни лаги.
Михаилов на Петрески му упати уште една сериозна забелешка за неговиот начин на однесување кон актуелната Влада. Таа беше во стилот „не лути го оној што треба да го молиш“. Михаилов рече, чиста иронија е вчерашната изјава на Петрески во која стои дека на Владата и е потребна обука за инвестиции, од човекот кој не донел ни „И“ од инвестиција.
Михаилов го изнесе и својот став за партиските членови – директори на јавни институции, за кои Владата најави подетално испитување на успешноста и нивна промена  доколку се покаже обратното. Ставот на Михаилов, меѓу другото, е дека „одговорноста ја имаат тие што ги поставиле… ние само може да сугерираме за нивната работа“.

Денешната прес средба во ОК на ВМРО – ДПМНЕ имаше и промотивен карактер. Имено, претседателот на партијата го кажа новиот состав на ОК, за кој ТВМ веќе информираше пред десетина дена. Михаилов истакна дека во него има и искусни и млади членови, пред се интелектуалци, кои се признати во својата професија. Од нив очекува да направат позитивна промена во политичкиот начин на делување во Охрид.

Clenovi ok vmro-dpmne

clenovi ok vmro-dpmne

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top