Проектот за управување со басенот на реката Дрим почнува со своја динамика. Првиот Национален консултативен состанок веќе договорен, ќе се одржи во Охрид на 27-28 мај, потврдуваат од билатералниот секретаријат.
Проектот за управување со Дримскиот бесен започнува со својата динамика. Од Билатералниот секретаријат за сливот на Охридско Езеро информираат дека заедно со носителот на активностите Global Water partnership договорено е првиот Национален консултативен состанок да се одржи на 27-28 Мај 2010 година , токму во Охрид . На состанокот треба да се поделат задачите до различни институции и експерти кои ќе треба да работат на изготвување на анализата на Дримскиот Басен и препораките за негово управување во прекуграничен аспект. Оваа активност е прва од процесот наречен Дримски Дијалог кој започна во Декември 2009 година .
“Овој Дримски дијалот дефинитивно ќе им помогне на надлежните институции во управување со водните ресурси и добро е што направивме сето тоа да започне од Охрид. Актуелни и отворени се прашањата на оваа тема и нема да се затворат додека не се реши управувањето на целиот речен басен и тоа во прекуграничен аспект. Во тој Дијалог и консултации ќе се отворат и критичните прашања за еколошките, енергетските и урбанистичките потреби и проблеми во басенот. Тоа се прашања кои системски мора да се решат а на нив се сеќаваме само кога имаме промени во езерото кои не знаеме да си ги објасниме “- истакна Дејан Пановски од Билатерален секретаријат за сливот на Охридското Езеро.
Од билатералниот Секретаријат информираат и дека на истиот состанок ќе треба да дојде до потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Global Water partnership и Билатаералниот Комитет за сливот на Охридското езеро со што ќе се отворат можности преку институциите и за нови видови соработка околу заштитата на водените ресурси.
{loadposition content}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град