Македонија не е бинационална држава

Претставниците на етничките заедници од земјава, бараат да престане нивното исклучување од јавниот живот. Исто така сакаат да се престане и со повредата на нивните уставно загарантирани права.

 |  Крсте Голабовски  | 
Sojuz Balkanski egipkani
сојуз балкански египќани

sojuz na balkanski egipkaniПретставниците на етничките заедници од земјава, бараат да престане нивното исклучување од јавниот живот. Исто така сакаат да се престане и со повредата на нивните уставно загарантирани права.

Од неодамна се организираа во таканаречена Мрежа на мултикултурно општество.

„Македонија не е бинационална држава. Таа е мултинационална и мултикултурна. Во неа живеат и творат 21 заедница на малцинствата“, истакна на денешната прес конференција претседателот на Мрежата на мултикултурно општество, Миро Орданиќ. Оваа мрежа на заедниците, има за цел афирмација на мултикултурализмот и 100% вклучување на етничките заедници во јавниот живот.

„Сакаме да докажеме дека сме дел од македонското општество и дека сме македонци, кои само се со потекло од друга држава“, потенцира Орадниќ.

Основната цел на оваа мрежа е да докажеме дека Македонија е мултикултурна држава Претседателот на Здружението на еѓипќаните од РМ, Алберт Зенел истакна дека до нивното здружение пристигнале реакции на граѓани во врска со повреда на правото на слободно национално и етничко изјаснување, што дирекно упатува на повреда на нивните со устав загарантирани права.

Тие реагирале до Заводот за вработување во Охрид да при евидентирањето на граѓаните од етничките заедници, истите бидат евидентирани соодветно според својата национална одредница, а не како припадници на друга етничка група.
Претседателот пак на Сојузот на балканските еѓипќани, Доцент Д-р Рубин Земон се огради од изјавите на некои од претставниците на малцинствата во врска со поставувањето на пирамида на плоштадот во Скопје или поставувањето на споменик на божицата Изида во Охрид.

На прес конференцијата исто така стана збор и за проблемите при последниот попис на населението, кога во самиот прашалник не ни постоеше графа во која припадниците на националните заедници ја запишуваа својата национална припадност. Од мрежата предлагаат за следниот попис во 2011 година да биде изготвен прашалник во кој ќе биде наведена графа во која ќе може да се наведе националната припадност. Од мрежата потенцираат дека крајно време е да се престане со дискриминацијата на припадниците на овие заедници по однос остварување на колективните права како и изучување на својот јазик, историја и култура.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top