Протест на загрижените граѓани

Незадоволството од патувањето на градоначалникот денеска го искажаа члeновите на Здружението на загрижени граѓани

 |  Татјана Маленкова  | 
Nikolovski
Николовски

protestiСлужбеното патување на градоначалникот Александар Петрески, сеуште топ тема во Охрид. Револтот поради тоа  денеска го искажа Здруженито на загрижени граѓани. Александар Петрески сега се наоѓа во Австралија и покрај тоа што го повикаа неговите пулени да се врати. Тој остана таму, велат челеновите на здружението.

„Најверојатно поубаво му е времето  таму, отколку овде. Таму се сонча. Еве и гуми му донесовме да му ги испратиме. Се надевем дека ќе го слушне апелов, и ќе свати дека ситуацијата во Охрид е аларманта. Во околинава се излеваат септички јами“, вели член на здруженито.

Револтираните граѓани не сакаа да откријат кој стои во организација на овој собир, само потенцираа дека нивното здружение е законски регистрирано.

„Да, да, регистрирани сме, Јас сум потпретседател на здружението“, вели член на здружението.

“Мене не ме загрижува што градоначалникот заминал на службено патување. Загрижува тоа што наеднаш го снема кога најмногу ни требаше“- вели друг член на здруженито.

Инаку протестите кои од вчера беа најавени дека ќе траат два часа, по заминувањето на новинарите беа прекинати. Собраните граѓани веднаш си заминаа и го искористија убавото време за попладневно кафенце по охридските кафулиња.

{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top