Медицинскиот отпад, извор на биолошка зараза

Медицинскиот отпад опасен по живот. Целокупната јавност згрозена од  вчерашаните снимки на ТВМ, на кои што беше регистриран расфрлан медицински отпад долж крајбрежјето на дел од езерото. Додека надлежните не излезат со официјални информации за оваа ситуација, ТВМ се обиде да дознае како е можно медицински отпад да заврши во езерото.

 |  Билјана Николовска  | 
med. otpad
мед. отпад

med. otpadМедицинскиот отпад опасен по живот. Целокупната јавност згрозена од  вчерашаните снимки на ТВМ, на кои што беше регистриран расфрлан медицински отпад долж крајбрежјето на дел од езерото. Додека надлежните не излезат со официјални информации за оваа ситуација, ТВМ се обиде да дознае како е можно медицински отпад да заврши во езерото.

Една од можностите е неправилниот одлагање на медицинскиот отпад од страна на самите здравствени организации, со што не е исклучена можноста истиот да заврши во езерото. Во септември минатата година  ЈП „Охридски Комуналец“ ги раскина договорите за подигање на медицинскиот отпад со здравствените установи во Охрид поради немање адекватен начин за складирање и уништување на медицинскиот отпад.
Како здравствените организации се справуваа со медицинскиот отпад од тогаш не е познато. Со вчерашното алармирање на состојбата со медицинскиот отпад директорот Сашо Алче открива, дека иако сеуште немаат адекватен начин за складирање и уништување на медицинскиот отпад, по налог на Државниот комунален инспектор продолжиле со старата пракса-подигање на медицинскиот отпад и затрупување на истиот на депонијата Буково. За да ја слушнеме и другата страна стапивме во контакт со директорот на ЈЗУ Општа болница Љубен Арнаудов, кој не сакаше да каже што се случува со медицинскиот отпад во неговата здравствена установа, и со тоа и остана должен на охридската јавност за оваа информација. КАЈ СТРУЖАНИ, поточно во Центарот за нефрологија и дијализа, медицинскиот отпад се подига од страна на ЈП „Комунално“ од Струга за што истите имаат склучено договор изјави директорот Сами Мена.
Дел од приватните здравствени организации во градов пак, изјавија дека тие, медицинскиот отпад го одлагаат во општата болница. Според нив делот наменет за овој вид на отпад не бил адекватно заштитен. Не бевме во можност да го регистрираме и ова бидејќи директорот Арнаудов не  беше расположен да ни даде објаснување ниту за оваа информација.

Дел од здравствените организации на охридско – струшкиот регион  точно ги знаат строго зацртаните критериуми согласно правилникот за постапување со медицинскиот отпад, кои претставуваат должност на секоја здравствена институција. Од Центарот за кардиоваскуларни заболувања портпаролот Анита Стрезоска вели дека строго се придржуваат кон тоа.

Секоја здравствена институција треба да го организира подигањето на медицинскиот отпад вели Стрезоска. Ние се придржуваме согласно договорот со ЈП кое го подига овој вид на отпад.

Иако оваа здравствена организација во целост го почитува правилникот за постапување со медицинскиот отпад, неможат со сигурност да кажат дека правилно се постапува со истиот откако ке биде подигнат од кај нив.

Дали проблемот лежи во самите здравствени организации или во неправилниот третман на подигнатиот медицински отпад, останува да покаже извештајот на надлежните. Доколку, се разбира  истите ги засукаат ракавите, извршат темелна истрага за тоа како отпадот завршил во езерото и конечно изнајдат решение за горливиот проблем со медицинскиот отпад.
{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top