Деноноќна работа на терен

Струга од сите страни се штити од поплавите. Екипите на МЈП „Проаква“ 24 часа на терен. Повеќе критични точки се третираат деноноќно. Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, сеуште e оптимист во своите изјави дека ќе се надмине состојбата со високиот водостој на Охридското езеро.

 |  Биљана Николовска  | 
merko na teren
мерко на терен

ezerski lozjaСтруга од сите страни се штити од поплавите. Екипите на МЈП „Проаква“ 24 часа на терен. Повеќе критични точки се третираат деноноќно. Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, сеуште e оптимист во своите изјави дека ќе се надмине состојбата со високиот водостој на Охридското езеро. Мерко истакна дека состојбата во Струга е под контрола. Тој додаде дека моментално најмногу се сконцентрирани на еден од најважните потези, а тоа е северниот канал на патната магистрала Струга – Ќафасан. Според него тој канал ги опфаќа водите на цела источна страна.

Населбата каде што живее ромското население е критична од повеќе аспекти. Тука се бараките на социјално загрозените семејства за кои Мерко рече дека немаат проблем со поплавите. Тој додаде дека на таа локација со ДУП предвидени се три социјални згради, за кои веќе е дадено извод на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен простор да почнат со градба како би се сместиле тие луге.
Деновиве Мерко во една од своите изјави се осврна и на крајбрежниот дел од населбата Езерски лозја во која потенцираше дека овој струшки дел е комплетно заштитен. Токму од оваа населба, група мештани кои не сакаа да зборуваат пред нашата камера обвинија дека градоначалникот селективно делувал во заштитата и спасувањето од поплави.

Состојбата со нивото на езерото и речните води секојдневно е се позагрижувачка, велат граѓаните. Има и такви места како што е познатото Струшко поле, каде  слободно може да се направи лизгалиште или да се импровизира претставата „Лебедово Езеро“.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top