Велгошките улици бербат

Велгоштани револтирани. Повеќе од година дена атмосферските води течат низ нивното село.

 |  Крсте Голабовски  | 
velgoshti
велгошти

velgoshtiВелгоштани револтирани. Повеќе од година дена атмосферските води течат низ нивното село.

Велгоштани се едниствени во своите барања. Работите кои според ветувањата требало да бидат завршени за три месеци, а се пролонгирале на година дена, бараат конечно да бидат завршени.

Година дена атмосферските води се по велгошките улици. Започнатите работи за поставување на канализационата мрежа, ги уништија улиците. Работите за кои ни ветија дека ќе бидат завршени за неколку месеци не се завршени веќе една година, револтирани се велгоштани. Претседателот на Месната заедница на село Велгошти, Димче Шапкароски изјави дека,

„Голем срам е за село кое е веднаш до градот, да биде несредено како Велгошти.“

Раководителот на секоторот за комунални дејности, Емин Селман за ТВМ телевизија изјави дека,

„Проектот во селото Велгошти сеуште не е затворен. Останати се уште две мали интервенции на канализационата мрежа, а се чека и на подобрување на временските услови за да се започне со асфлатирање и да се заврши со работите.“

Политичките превирања во месната заедница на селото, односно партиската смена на власта во истата е исто така една од причините за пролонгирањето на решавањето на овој проблем.

Од секторот за комунални дејности информираа дека проектната документација која се однесува на патот кој го поврзува селото Велгошти и магистралниот пат Охрид – Битола е прифатена и од Агенцијата за државни патишта и од Светската банка за обнова и развој. Се очекува Министерството за транспорт и врски да започне со изведба на работите најдоцна до почетокот на месец мај годинава.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top