Локалната со сопствени сили и ресурси се справува со проблемите

Покачувањето на нивото на Охридското Езеро, ја раздрма локалната самоуправа. Од таму велат дека се преземени низа активности за заштита на населението во градските и приградските средини.

 |  Татјана Маленкова  | 
pres javni p-ja
прес јавни п-ја

pres javni p-jaПокачувањето на нивото на Охридското Езеро, ја раздрма локалната самоуправа. Од таму велат дека се преземени низа активности за заштита на населението во градските и приградските средини. Тим од локалната, покрај тоа што во координација со Дирекцијата за заштита и спасување е постојано на терен, работи и самостојно, вели Емин Селман, раководител на секторот за комунални дејности.

„Прво го заштитивме цевоводот од пумпната станица од Пештани до Елешец. Следна наша активност која ја спроведуваме секојдневно е чистење на речното корито во Даљан, на Коселска Река и Грашница“- вели Селман. Тој додаде дека комисија на локалната веќе има подготвено записник на семејствата кои претрпеа штети од поплавите.

„ Се направи записник за штети и во Пештани, но и за жителите на улиците Ариф Мистафа и Железничка. Барањата се доставени до центарот за кризи и министерството за транспорт и врски“, вели Емин Селман, раководител на секторот за комунални дејности.

Селман вели дека локалната со вреќи со песок од бранови ги заштитила и пумпните станици во Грдано, Канео и Потпеш. Тој додава дека од понеделник ќе се направи прекоп на регионалниот пат кај Пештани, со што дел од населението во најкраток рок ќе биде поврзано со колекторскиот систем.
Директорот на ЈП „Проаква“, Бранко Трпчевски вели дека најмногу штета од високиот водостој на езерото, трпи колекторскиот ситем.
„ И покрај нашите инсистирања да оствариме средба со владата и да го решиме ова прашање, оттаму нема слух за нашите проблеми“, обвинува директорот. Тој додава дека фактурите од оваа негатива, Проаква ќе ги плаќа во иднина.  
„Високиот водостој на езерото потполно ги потопи пумпите во Потпеш, Александрија, Рача и Радојца Новиќиќ, поради што  бевме приморани да ги замениме со нови“- вели Трпчевски.

Трчевски уште напомена дека колекторскиот систем одамна ја преминал црвената линија. Прашање на време е кога ќе почне да откажува. Кои би биле последиците од тоа подобро е и да не помислуваме.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top