Европа, илач за секаква криза

Амбасадорот на Р. Албанија за Македонија и универзитетските професори во Струга сметаат дека нема да има дестабилизација во регионот.

 |  Биљана Николоска  | 
Arben Cejku
Арбен Чејку

Sredba Merko I CejkuДеновиве Струга ја посети амбасадорот на Р. Албанија за Македонија, Арбен Чејку. Целта на посетата беше воспоставување  соработка меѓу студентите на Македонија и Албанија во сферата на дипломатската економија. Амбасадорот Чејку при посетата даде свој коментар, како ќе влијае назначувањето на првиот амбасадор од Косово во Македонија врз односите на двете земји.
Чејку рече дека веќе остварил средба со новиот амбасадор на Србија и Косово за Македонија. Истакна, дека познати му биле првите реакции на Србија и додаде дека Косово е реалност прифатена од најдемократските земји во светот и не би требело да има влијание врз односите на било која од земјите во регионот.
Др. Исеин Башкурти академски професор и ректор на универзитет во Струга сосема реално ја истакна моменталната состојба на Балканот. Тој рече дека моменталната состојба со земјите во регионов не предвидува светла иднина и само меѓународниот фактор може да помогне за надминување на неколкуте актуелни кризи.
Назначувањето на првиот амбасадор од Косово во Р. Македонија според албанскиот амбасадор Чејку и Проф. Башкурти ќе помине без посебни реакции. Тие сметаат дека сепак ќе надвладее демократијата со што ќе се воспостават стабилни меѓусоседски односи.  
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top