Од лошо има и полошо

Стружани релаксирани за состојбите со водостојот на Охридското Езеро. Дел од повозрасните  кои се сеќаваат на времето на поплавите во Струга во 1963год. велат дека нема место за паника.

 |  Биљана Николоска  | 
Drim
Дрим

DrimСтружани релаксирани за состојбите со водостојот на Охридското Езеро. Дел од повозрасните  кои се сеќаваат на времето на поплавите во Струга во 1963год. велат дека нема место за паника.

Охридско – стушкиот регион скениран од локалните и државните тимови за заштита и спасување. Вчера попладне детално се разгледувала состојбата со водостојот на Охридското Езеро. Присуството на терен, на дел од министрите на Владата на Р. Македонија, допринело да се превземат најнеопходните мерки за намалување на водата во Охридското езеро. Таа деновиве според последните податоци на надлежните е на кота од 25 см над дозволената. Постарите стружани потсетуваат дека вака било во 1963 год, дури и полошо. Не стравуваат од поплава и веруваат во делувањето на надлежните. Дел од нив, посебно оние што живеат покрај даљанот на реката Црн Дрим не паметат ваква слика.
Вчера беа поставени заштитни вреќи на дел од кејот на реката Црн Дрим. Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко вели дека состојбата будно ја следат и со новопревземените мерки очекуваат намалување на водата во Охридското Езеро.
Мерко, посигурен после посетата на стручните тимови и дел од министрите на Владата на Р. Македонија во Охрид и Струга. Тој тврди дека состојбата со високиот водостој на Охридското Езеро ќе се надмине и не остава простор за паника. Додаде дека, од вчерашното испуштање на водата од езерото со 62 метри во сек, денес тоа изнесува 75 метри во секунда. Мерко денеска оствари средба со градоначалникот на Поградец, Албанија со цел да види каква е состојбата со езерото таму.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top