Нивото на езерото е стабилно

Се превземаат сите мерки за заштита од вишок вода на Охридското Езеро. Државните и локалните тимови за заштита и спасување се обединија. Тие денес за прв пат седнаа на иста маса.

 |  Биљана Николовска  | 
Konjanoski
Коњаноски

KonjanoskiСе превземаат сите мерки за заштита од вишок вода на Охридското Езеро. Државните и локалните тимови за заштита и спасување се обединија. Тие денес за прв пат седнаа на иста маса.
Домаќин на средбата во Охрид беше струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. Министерот Јанакиески отиде на лице место во струшкиот регион, Коњаноски во охридскиот, а Петрески во Австралија.
Доколку дојде до поплава во критичните населени места Пештани и Радожда, одговорните, сеуште немаат идејно решение каде ќе го евакуираат населението. Новите врнежи на снег и зголемувањето на температурата уште повеќе го загрижи месното население во охридско струшкиот регион. Дека состојбата е сериозна, покажа и денешната средба во општина Охрид  каде за прв пат на иста маса седнаа локалните тимови за заштита и спасување со дирекцијата за заштита и спасување. Јанакиевски рече „мора состојбите да се следат на лице место и да се преземат сите потребни превентивни мерки за наредната недела“.
„Будно се следи состојбата со вишокот на вода во Охридското Езеро“, рече струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. Тој додаде дека според податоците на ХЦ „Глобочица“ во моментов се испуштаат 62 метри кубни во секунда езерска вода во Дримот. Со денешната одлука за чистење на малиот Дрим, испуштањето на вода би можело да се зголеми на 65 метри кубни во секунда.
Министерот за одбрана, Зоран Коњаноски рече,  ваквите координативни средби се од голема корист, бидејќи, факт е дека градоначалниците на двете општини Охрид и Струга, најдобро ја познаваат состојбата со локалните проблеми. Тој додаде дека се тука, со цел да добијат инструкции од градоначалниците, каде приоритетно треба да се делува.
Државните претставници кажаа дека од денес поактивно ќе се чистат каналите на локалните реки во двете општини и дека редовно ќе информираат за состојбите на терен. Од таму исто така потенцираа дека денес кај реката Сатеска, експертите се излезени на терен и прават потребните анализи. Имено, пробно се пуштаат дополнителни 4-5 метри во сек, што засега дава резултати на стабилна состојба. Она што е неопходно да се направи е да се превземат градежни работи и да се отстрани голема маса на дрва.

{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top