Денот на жената станува се поконтроверзен празник. Во однос на празникот се оди од крајност до краност. Едни го критикуваат и бојкотираат, други пак, продолжуваат да му даваат важност. Но, како и да e, некогашната еуфорија во празнувањето на 8-ми март спласнува. Тоа го потврдуваат и трговците кои се жалат дека се помалку се купуваат скапи подароци.
Денот на жената станува се поконтроверзен празник. Во однос на празникот се оди од крајност до краност. Едни го критикуваат и бојкотираат, други пак, продолжуваат да му даваат важност. Но, како и да e, некогашната еуфорија во празнувањето на 8-ми март спласнува. Тоа го потврдуваат и трговците кои се жалат дека се помалку се купуваат скапи подароци. По традиција пари не се штедат единствено за цвеќе. Сепак има жени кои не се откажуваат од прославувањето на празникот надвор. Оние со подлабок џеб патуваат во странство. Од туристичките агенции велат дека охриѓанки 8-ми март ќе го празнуваат, покрај во Истанбул, и во Шарм ел Шеик, Рим, Прага и Будимпешта. Дома се прават резервации во рестораните и хотелите. Но угостителите не се задоволни од сегашната посетеност на гостинките. Со носталгија се сеќаваат на некогашните времиња кога хотелите и рестораните биле полни со жени кои го прославувале својот празник. Ретки се хотелите кои се исполнети со дводневни ноќевања на странски гостинки. Годинава изостана посетеноста на жените од Србија, но затоа пак во поголем број во посета на Охрид беа жените од Босна, вели Верица Хајба од туристичката агенција Хајба турс.
Инаку, Денот на жената за прв пат бил одбележан на 28 февруари 1909 година во САД, а иницијативата била на Социјалистичката партија на Америка.
Жените на масовни собири барале право на работа, еднаква плата за иста работа со мажите, еднакви можности за работа и образование, безбедна контрацепција и легална можност за абортуси.
После 101 година, Денот на жената, се претвори во одмор од семејството, а во друштво на пријателките.
{loadposition content}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град