Концерт на „Распеано ѓерданче“ за Денот на жената

Во клубот на КУД „Ѓердан“, младите хористи од „Распеано ѓерданче“ со голем жар се подготвуваат за утрешниот концерт. Денот на жената, 8-ми март ќе се одбележи со звуците на детската песна на градскиот плоштад во 12 часот.

 |  Валентина Неловска  | 
horce
хорче

horceВо клубот на КУД „Ѓердан“, младите хористи од „Распеано ѓерданче“ со голем жар се подготвуваат за утрешниот концерт. Денот на жената, 8-ми март ќе се одбележи со звуците на детската песна на градскиот плоштад во 12 часот. Малите хористи ќе исполнат  9 песнички посветени на мајката, а напишани од авторите Баркоски, Џамбазов и Димов. Децата предпразнично упатуваат искрени пораки до нивните и до останатите мајки со благодарност за се што сториле за нив.

Музичарот и композитор, Методија Баракоски-Менде под чие  раководство работи КУД „Ѓердан“ и детскиот хор „Распеано ѓерданче“, ја објаснува одлуката зошто одржуваат концерт на отворено. Од формирањето на хорот во ноември минатата година, па до сега, Баракоски потенцира  дека ова им е трет настап  под ведро небо. Сакам концертите на отворено да станат традиција дека нешто убаво се случува во градот, а не да бидат затворени во рамките на училиштата и музичкото. Покрај играњето, сакам  децата  и да пеат затоа што е тоа поврзано едно со друго, додава Баракоски. Кажува дека по одржувањето на овој концерт на градскиот плоштад  со хорот „Распеано ѓерданче“ има безброј планови. Открива дека следни  концерти ќе одржат и по повод пристигнувањето на  пролетта, Велигденските празници и крајот на учебната година. Тој појаснува дека хорот и играорците се отворени за соработка со сите кои имаат желба на нивен својствен начин да им го развеселат секојдневието.

{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top