Охридските трујачи повторно во акција. Овој пат нивни жртви три кучиња скитници.
Немил настан во центарот на Охрид. Камерата на ТВМ попладнево во близина на пошта 2 сними три пцовисани кучиња, кои најверојатно биле отруени. Екипите на ЈП Охридски комуналец веднаш реагираа и кучињата ги отстранија од паркот каде беа паднати. Директорот на ЈП, Сашо Алче вели дека најверојатно кучињата се пцовисани попладнево, затоа што до 12.00 часот екипите на ЈП биле на ова место и не забележале вакво нешто. Тој додава дека е изненаден од настанот затоа што кучиња скитници во овој дел на градов се ретка појава. Справувањето на овој начин со кучињата скитници е нехумано и сурово. Ова е добар пример за надлежните да почнат да размислуваат дека на гарадов под итно му треба шинтерска служба. Во спротивно секогаш ќе се најде некој поединец кој на овој начин ќе се пресметува со незгрижените кучиња.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град