Вандалски чин на градските гробишта

Неколку надгробни плочи испрскани со бела боја. Случајот пријавен во СВР. Од таму велат се работи на рaсветлување на истиот.

 |  Татјана Маленкова  | 
grobishta
гробишта

grobishtaНеколку надгробни плочи испрскани со бела боја. Случајот пријавен во СВР. Од таму велат се работи на рaсветлување на истиот.

Пред два дена вработен во ЈП „Охридски комуналец“, работна единица Гробишта, пријавил оштетување на седум надгробни спомн-плочи.

„Спомен обележјата беа испрскани со бела боја и некое абразивно средство“, вели Ѓоко Филипче координатор за оперативни служби во ЈП „Охридски комуналец“.

СВР Охрид го потврди настанот. Портпаролот Стефан Димовски вели дека по пријавувањето веднаш се излегло на терен со цел да се соберат докази за расветлување на случајот.

„По пријава добиена од вработен излеговме на лице место, напревен е увид при што констатиравме оштетување на 7 надгробни споменици  кои беа испрскани со спреј. Оштетувањето го направиле досега непознати лица.  СВР Охрид работи во делот на расветлување на овој вандалски чин“, вели портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Ова е прв вандалски чин на градските гробишта во Охрид. Од работната единица Гробишта велат дека ќе направат се, вакво нешто да не се повтори.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top