Оправдан е стравот на граѓаните дека белата вода која ја пијат деновиве е неисправна, после сите настани што се случија со водостојот на езерото, велат од МЈП „Проаква“.
Во јавноста деновиве се крена фама поради количната на хлор и исправноста на водата за пиење. Ваквата појава ги збуни граѓаните. Многумина веќе реагирале до службите на МЈП „Проаква“, а како одговор на сомнежите на граѓаните со свој став и мислење се огласи првиот човек на претпријатието Бранислав Трпчевски. Тој истакна „оправдана е загриженоста на граѓаните после сите настани што се случија со зголемувањето на нивото на Охридското Езеро, бројните пореметувања, како и штетите од поплавите во Охрид и Струга“. Тој покрај се смирува и вели дека се е во ред со водоснабдителниот систем и водата за пиење.
Белата боја на водата не е зголемена количина на хлор, тврди Трпчевски. Тој додава дека запазени се сите граници на присуството на хлор. Најголемо количество хлор од 0,8 % било употребено во саботата во Пештани, поради екстремна состојба. Во овој период се користи најквалитетната изворска вода вели Трпчевски.
Од МЈП „Проаква“ апелираат, „без резерва да се употребува водата за пиење, бидејќи позади квалитетот и сигурноста стои голем стручен тим, не само од Охрид и Струга туку и пошироко“. Водата е чиста и е од прва категорија, гарантираат од таму.
{loadposition content}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град