Инспектори и полицајци во лов на таксисти со небаждарени таксиметри

Повеќе охридски таксисти фатени како возат без баждарени таксиметри. Оваа контрола е во надлежност на пазарната инспекција и се прави поинтензивно во летниот период, но такси возилата се проверуваат и во останатите месеци од годината, вели Ѓорѓи Бошалески.

 |  Валентина Неловска  | 
Taksimetar
Таксиметар

BoshaleskiПовеќе охридски таксисти фатени како возат без баждарени таксиметри. Оваа контрола е во надлежност на пазарната инспекција и се прави поинтензивно во летниот период, но такси возилата се проверуваат и во останатите месеци од годината, вели Ѓорѓи Бошалески. За да не се случи граѓаните кои се возат со такси да бидат измамени колку километри поминале и колку треба да платат, секој таксист треба да има баждарен таксиметар во своето возило кажува Бошалески.
Во заедничката координирана акција, возилата биле   проверувани и дали  употребуваат соодветно гориво или пак користат од недозволеното, поефтино екстра лесно гориво, попознато како црвена нафта.
Исто така се земени мостри од такси  и комби возилата кои дистрибуираат храна, па се испратени во крим-техника во Скопје и се чекаат резултатите, појаснува Бошалески.
При контролата биле затекнати три такси возила кои возеле без баждарени таксиметри и заработиле глоба од астрономски износ во висина од 5000 евра. Не поминале со помала казна, ни сопственциите на 5-те возила кај кои се констатирала употреба на екстра лесно гориво. Тие пак, заработиле казна од 3500 евра.

{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top