Вака се чувствуваат Стружани кои живеат на улица „Кременица“ или Мислешевски пат. Велат, на гости дирекно во нашите домови се пресели Охридското езеро.
Вода измешана со фекалии, ги поплави граѓаните на Струга. Ул. „Кременица“, е дел од поплавените, каде живеат луѓе од сите етнички заедници во мултиетничка средина и досега како што кажаа тие меѓу нив немало проблем. Но деновиве, тие се борат со елементарната непогода. Нивните дворови се поплавени. Сами се борат со надојдената вода која како што велат смрди и е преполна со ѓубре. Канализационата мрежа и нечистените канали дополнително ја влошуваат и онака незавидната состојба.
Конечно некој се сети и на нас, вели Кујтим Лимани жител на ул „Кременица“. Тој крајно е незадоволен од државните и локалните власти кои ги посетувале само кога тие имале интерес, а не во ваква состојба кога луѓето навистина имаат сериозен проблем.
Александар Попоски претседателот на СДСМ и советник во струшкиот совет, вели дека се чувствува должен да ги посети и види сите места кои се опфатени со поплавите, онаму каде што ќе биде повикан. Со тоа Попоски сака да покаже дека не е присутен на овие места само за избори. Тој вели дека доста е со префрлање на вината од еден на друг.
Попоски посочи низа проблеми кои ги имаат мештаните во овој дел од градот. Го спомна преоптоварениот канализациониот систем кој е предвиден за 150 куќи а таму имало преку 300, и ја повика локалната и првиот човек на градот конечно да се фатат за работа. Порача да се исчистат каналите, и конечно патот кој им бил ветен за време на изборите да го оспособат и пуштат во употреба.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град