Вака Премиерот Никола Груевски вчера од Охрид ја искоментира актуелната состојба на покачениот водостој на Охридското езеро кое на нозе ја крена целата охридско – струшка јавност.
Тешка е борбата со природата. „Актуелната состојба со водостојот на Охридското езеро е сериозен проблем. Кој ќе биде конечниот епилог никој не може да предвиди“. Ова синоќа го изјави Премиерот Никола Груевски и рече дека се прават максимални напори за да се надмине состојбата. Тој потенцира дека државните институции максимално биле ангажирани во насока на спречување на поплавите. Груевски додаде дека во оваа состојба се наметнуваат две прашања, дали се дава потребниот максимум од страна на Владата и второ дали Владата ќе успее да ја победи водената стихија.
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, одговорен на координативното тело за кризни состојби свесен е за критичниот момент на водостојот на Охридското езеро, но и покрај тоа ја смирува состојбата и вели дека се е под контрола.
– Очекувам во текот на ноќта нивото на водата да се намали и повторно да се воспостави нормално одвивање на сообраќајот на тој патен правец. Сакам да ве уверам дека сите институции се ангажирани и се преземаат сите мерки за да се спречат евентуални поголеми поплави во Република Македонија, изјави вчера во Охрид министерот Јанакиески.
Коментирајќи ја актуелната состојба Груески, рече дека таа не е предизвикана од човечки фактор, и дека тоа е чиста дезинформација. Повеќе од јасно е дека станува збор за сериозна природна непогода и за сметка на тоа не треба некој да прави ситни поени како што е тоа охридскиот градоначалник, додаде тој.
„Многу е жално кога некој што е во политиката, ќе се обиде на мизерен начин да собере политички поени во ситуација кога граѓаните на Охрид се вознемирени и сите државни служби и сили се ставени во целосна готовност и прават се што е во нивна моќ. Се друго е мизерија на оние кои ја користат оваа ситуација за да си направат ситни партиски поени“, рече Груески
Груевски и овој пат смета дека нема потреба да се сретне и да разговара со градоначалникот Петрески, бидејќи не гледал како може тој да помогне. По завршувањето на трибината, некаде после 24 часот Груевски сепак го посети Пештани, но останува прашањето дали во мракот ја виде реалната состојба.
{loadposition content}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град