Пазарните инспектори во акција за откривање на диви туристички агенции.
Пазарните инспектори во акција за откривање на диви туристички агенции.
При контролата, инспекторите, утврдиле дека две агенции не работат според Законот за туризам. Незаконските агенции заработиле глоба во висина од 4100 евра.
Во контролата биле прочешлани и училиштата кои организарале училишни екскурзии. Во три од нив било откриено дека патувањата ги организирале токму дивите агенции, вели Ѓорѓи Бошалески, раководителот на подрачната единица на Државниот пазарен инспекторат.
Тој објаснува „станува збор за физички лица кои посредуваат при сместување не само во своите сместувачки капацитети туку вршат и посредување при сместување. Услугите ги нудат преку интернет или лично со чекање на автобуската станица“.
Бошалески потенцира дека инспекторатот сака да ги искорени популарно наречените „точак агенции“ до почетокот на туристичката сезона. Нивното присуство дава мошне грда слика за охридскиот туризам.
Од пазарниот инспекторат велат цел ни е „дивите агенции“ да се легализираат и работат според законот.
Намерата е „дивите агенции“ да добијат лиценци и да работат легално како и преостанатите 11 туристички агенции во Охрид.
{loadposition content}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град