ЦУК со конкретни активности, одрон на карпа на патот Охрид –Св. Наум

Денеска на пониските делови на крајбрежјето на Охридско-струшкиот регион , беа поставени 7000 вреќи со песок за изградба на превентивни насипи со цел да се заштитат критичните точки од излевање.

 |  Татјана Маленкова  | 
odron
одрон

odronПревентивни насипи со вреќи со песок, беа поставени денеска на пониските делови на патот Струга-Охрид.

Од Центарот за управување со Кризи соопштуваат дека состојбата будно се следи на територијата на целата земја и дека веднаш ќе се интервенира онаму каде што има потреба.

Временските неприлики причина денека да се одрони и голема карпа на патот Охрид – Св. Наум.

Центарот за управување со кризи започна со конкретни активности. Денеска на пониските делови на крајбрежјето на Охридско-струшкиот регион , беа поставени 7000 вреќи со песок за изградба на превентивни насипи со цел да се заштитат критичните точки од излевање. За оваа цел мобилизирани се дополнителни 60 лица од Дирекцијата за заштита и спасување.

„Нивото на Охридското езеро денеска е зголемено за уште два сантиметра, но преку Црн Дрим се испушта доволно количество вода за да не дојде до прелевање на езерото во крајбрежниот појас“- вели портпаролот на Центарот за Упрвување со кризи, Мишко Талевски.

Екологистите од Охрид, не се сложуваат дека од Охридското езеро се излива потребната количина вода. Лазе Наумоски од ЕД „Грашница“ тврди дека доколку се отворат сите седум порти поплави нема да има.

Наумоски уште додава дека реката Сатеска треба да се врати во стариот тек, со што ќе се влива директно во реката Црн Дрим. „Само во тој случај нема да имаме никакви проблеми„- додаде тој.

Временските неприлики, причина ,денеска околу 8 часот да дојде до одрон на  голема карпа од 3-4 кубици на патот Охрид – Св. Наум, над хотелот Метропол.
„Веднаш пристапивме кон санирање на штетата. Увидовме дека има потенцијална опасност да паднат и други карпи. Бевме приморани да организираме краток зафат, со што ја отстранивме опасноста од нови одрони“-вели Лазе Ставрески, раководител на подружница на Македонија пат.

Ставрески тврди дека екипите на Македонија пат се постојано на терен и дека место за паника нема.

Инаку денеска камерата на ТВ М регистрираше поплава и на дел кај езерската полиција.  Под вода е целата површина од двете страни на патот кој води до хотелот Парк. Матријалната штета која им е причинета на угостителските објекти на овој потег е голема.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top