Делови од Лакочереј за време на викендот беа поплавени. 25 хектари обработлива површина и насади од јаболка и цреши се најдоа под вода, кажува советникот Климе Тренески, жител на ова село.
Делови од Лакочереј за време на викендот беа поплавени. 25 хектари обработлива површина и насади од јаболка и цреши се најдоа под вода, кажува советникот Климе Тренески, жител на ова село.
„Сега засега, состојбата е мирна, за време на критичните денови водата е вратена во речното корито и само мал дел се излива во нивите“-изјави Тренески.
Топењето на снегот и обилните дождови го наполнија коритото на Скребатска река. Делови од селото беа поплавени од прелеаната вода, па предизвика штети на земјодлеските површини, кажува Тренески.
Само со навремена реакција на жителите на селото, кои со помош на механизацијата отстапена од ЈП „Комуналец“,саниран е дел од речното корито и спречена е поголема катастрофа, истакнува Тренески.
„Навистина состојбата беше сериозна, но успеавме да ја санираме ситуацијата“.
Советникот Климе Тренески смета дека состојбата со реката е санирана и дека временските прилики ќе се смират. Додава дека доколку дојде до повторно влошување на состојбата ќе се интервенира повторно со копање и чистење на каналите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град