Извадени 3 500 неексплодирани убојни средства

Заврши акцијата за вадење на неексплодирани убојни средства од Охридското езеро.

 |  Татјана Маленкова  | 
mini
мини

miniВо акцијата за деминирање на дното на Охридското Езеро која заврши денес  извадени се околу 7 тони оружје или 3.500 неексплодирани убојни средства.Од нив 2850 се со голем,а останатите со помал калибар.
„Убојните средства потекнуваат од Балканските,од Првата и Втората светска војна, истакна директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу.
Тој додаде „Извадивме се што пронајдовме, но вакви акции ќе има и понатаму. Во иднина езерото ќе го чистиме во поголема длабочина и тоа кај местата Калишта, Радожда Пештани и кај плажата “Кадмо”,изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу.

Акцијата како успешна ја отцена и пиротехничарот од Дирекцијата за заштита и спасување, Љупчо Зајков. Тој вели беше многу напорно, но успеавме истата  да ја спроведеме како што зацртавме на почетокот.

Извадените неексплодирани убојни средства во недела ќе бидат однесени на Криволак каде точно на пладне ќе бидат уништени.

Инаку акцијата за подводно чистење на езерото од неексплодирани убојни средства ја организира Дирекцијата за заштита и спасување со поддршка од Меѓународниот фонд за деминирање и Владата на САД.

{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top