Во Струга, дупка до дупка

Локалните патишта во Струга во катастрофална состојба. Ударните дупки секоја година на истите места се отвараат а се создаваат и нови.

 |  Билјана Николовска  | 
dupka
дупка

Ulica so dupkiЛокалните патишта во Струга во катастрофална состојба. Ударните дупки секоја година на истите места се отвараат а се создаваат и нови.

Не остана ништо од струшките улици. Многу возила се оштетени поради огромните дупки на патот кои се сериозна опасност за нормалното одвивање на сообраќајот.

Од Локалната самоуправа во Струга велат дека  се свесни за состојбата и дека се повторува секоја година во месеците јануари, февруари и март кога се отварат старите дупки кои во  минатата година биле санирани.
Секретарот на општина Струга, Зоран Гулицоски вели дека временските услови, дождот, снегот и мразот се главните причини за оштетувањето на коловозите.

„Во тек е постапката за отворањето на тендер за крпењето на ударните дупки на подрачјето на општината. Мислам дека во најскоро време, некаде до крајот на месец март тие ќе бидат санирани. Верувам дека ќе се интервенира со некој друг материјал таму каде што има опасност од оштетувањето на возилата, некаде каде што се подлабоки тие ударни дупки“

Инспектор за патишта во Струга нема, но постојат службеници кои редовно ја следат состојбата на терен и ги евидентираат сите ударни дупки вели Гулицоски. Согласно тие извештаи, кога се прави тендерската документација во предвид се земаат пресметките од тоа колку има такви дупки и се распишува тендер, додава тој. Но постојат проблематични места каде ингеренциите се на Македонија пат.

„Ние ги гледаме работите но не знам каде треба да се обратат граѓаните. Надлежна за локалните патишта и улици е општината.Но  граѓаните сметаат дека, за некои улици кое се во надлежност на Агенцијата за државни патишта, и ние имаме надлежност, а тоа не е точно.Значи има патишта кои поминуваат низ општината, на пример ул. „Партизанска“ , за кои дел од надлежноста е на агенцијата односно Македонија пат“-изјави Гулицоски.

Надминување на оваа состојба од локалната гледаат во превземање активности околу комплетното асфалтирање на улиците, а не селективно.
Како што кажа Гулицоски годинава во програмата за изградба и одржувањето на улиците и на локалните патишта предвидено е 2-3 улици комплетно да се асфалтираат.

{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top