Сметката на општина Струга „полесна“ за 4 милиони денари

Министерството за финансии одзело над 4 милиони денари од сметката на општина Струга, по основ долг на меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“.

 |  Крсте Голабовски  | 
pres
прес

dokumentМинистерството за финансии одзело над 4 милиони денари од сметката на општина Струга, по основ долг на меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“ – обвинуваат градоначалниците на Охрид и Струга. Долгот пак, за кој се терети Проаква, е рата од кредит за проект кој никогаш не бил технички примен.

Сметката на Општина Струга олеснета од Министерството за финансии за 4 милиони денари. Мерко претпоставува дека парите од сметката на општината се повлечени поради неисполнета обврска  на меѓуопштинското јавно претпријатие Проаква кон  „КF“ банката, а за што државата била гарант.

Долгот на ПРОАКВА, за кој се сомнева градоначалникот дека се повлечени парите,  произлегува од средствата добиени од IBRD банката за МЕА проекти,  во кој беа вклучени општините Охрид и Струга преку меѓуопштинското претпријатие Проаква. Проектот за подобрување и водоснабдување и изведен со кредит од „КF“ банка во висина од 3,7 милиони евра. Според договорот, кредитот во целост треба да го враќа корисникот, односно меѓуопштинското јавно претпријатие, со годишна рата од 170 илјади евра. Поради тоа што на сметката на Проаква немало средстав, достигнатиот ануитет е запленет од основачот на ова јавно претпријатие, односно од сметката  на општина Струга. Охрид, кој исто така е основач на МЈП Проаква,  куртулил затоа што сметката е блокирана.

Директорот на „Проаква“, Бранислав Трпчевски потенцира дека никогаш не е направен технички прием на проектот и се прашува како воопшто државата може да плаќа за нешто за што и државниот ревизор се согласил дека не е реализирано согласно проектната документација.  Уште пред две години, државниот ревизор излегол со извештај во кој стои дека проектот не е во ред. Поради тоа што од  Прокава се бара да врати долг за проект кој не е направен како што треба – претпријатието ја тужи Владата.

Трпчески додава дека како Резултат на лошо реализираниот проект постојано произлегуваат  дефекти. Со нивна санација се кумулираат дополнителни трошоци, кои во моментов се во висина од околу еден милион евра.

Охридскиот градоначалник со црно сценарио за понатамошното опстојување на ова меѓуопштинско претпријатие. Тој изјави дека е доведено во прашање водоснабдувањето и работата на колекторскиот систем како и функционирањето на Проаква воопшто. Директорот на меѓуопштинското јавно претпријатие пак, смирува и вели дека ке се направат сите напори за да непречено се одвива снабдувањето со вода во двете општини.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top