Образовниот центар „Пи-Си“ го презентираше проектот Е-тестирање.
Образовниот центар „Пи-Си“ го презентираше проектот Е-тестирање.
Станува збор за прв ваков наменски проект за образованието во Македонија па и пошироко. Наменет е за учениците, наставниците и родителите кои сакаат интерактивно да учествуваат во образовниот процес.
Можност повеќе секој да провери колку знае. Ирена Јакшоска е ученичка во прва година во ОСУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид е една од учениците на образовниот центар „ПИ-СИ“ која го користи овој проект. Задоволна зборува за тоа колку начинот на работа и електорнската проверка на знаења и помагаат во процесот на учењето.
Директорот на образвниот центар, Ангел Јанев изјави дека „овој проект е прв заокружен во Македонија и не е наменет само за учениците. Тој ќе им служи и на наставниците кои сакаат да ги искористат придобивките на информатичката технологија, како и на родителите кои сакаат да искористат квалитетно време со своите деца-ученици на содржини кои не се игра на компјутер.“
Разликата помеѓу овој проект и останатите „е“ проекти како е-learning и е-school, е во тоа што истиот е наменски. Односно преку него може да се направи проверка на знаењата во основното, средното училиште, матурските испити, националните тестирања и дел факултети по одредени предмети. Сите тестови се од тековната наставна програма за Р. Македонија. Станува збор за проект подготвуван години наназад.
Учениците за сега може да ги проверат своите знаења по 50 предмети, а се очекува изработката на тестовите за уште 150 предмети. Сајтот www.pisi.com.mk на кој ќе може да се проверуваат знаењата е едноставен за употреба. Следно што можеме да очекуваме од образовниот центар „ПИ-СИ“, е имплементацијата на проектот е-дневник и е-testing кои заедно со e-school и e-learning ќе го прават комплетниот циклус на процесот на учење.
{loadposition content}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град