Имот оставен од дедо прадедо, заврши во бездна.
Половина од нивата на Кире Кочоски сега буквално ја нема.Сите предупредувања дека може да остане без својот имот не вродиле со плод.
Од нива со површина од 900 м2 сега едвај да остана половина. Наследството на Кире Кочоски за кое неговиот прадедо во 1920 година платил 30 златници, полека но сигурно ке исчезне во целост. „Во месец мај минатата година тројца инвеститори извршија незаконско владеење на нашиот имот, имот кој е во наша сопственост од 1920 година“, кажува Кире.
Кочоски додава дека истата година два месеци подоцна, истите лица со тешка механизација започнале со градежни работи. „Инвеститорите, за потребите на изградба на висок потпорен ѕид навлегоа до 5 метри во нивата, и со тоа ја нарушиле статиката на тлото“, објаснува Кире. На местото каде некогаш била неговата нива сега е провалија.
Кочоски потенцира дека ниту тој ниту неговите роднини ко-споственици на нивата не планирале да ја продадат. Но поради сегашната нејзина состојба односно фактот дека ја нема повеќе од половина, ќе прифати било каква оштета. Тој вели, „дека сега оваа нива не е нива, таа е клизиште“, но се надева дека конечно ќе ја истера правдата и ке успее да врати барем дел од наследството без кое остана.
{loadposition content}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град